(Видео) Мециновиќ: Од независност до пропаст – Македонија жртва на приватните интереси

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во својот говор на комисиската седница за Предлог-буџетот за 2025 година, меѓудругото, се осврна на невизионерството и алчноста на ДПМНЕ коишто пред избори ја потенцираа важноста на проектот Чебрен, за сега, целосно да го заборават, иако тој е единствениот одговор за енергетска стабилност.

– ДПМНЕ во Буџетот за 2025 година не предвидува да насочи ниту денар за енергетска независност. Затоа, пратениците од Левица поднесоа амандман со којшто би се пристапило кон изградба на хидроцентралата Чебрен.

Во 1991 година Македонија преживеа без сопствена полиција, војска и парична валута – затоа што имаше независен енергетски систем. Денес, таа независност е потполно уништена.

Македонија денес е соочена со енергетски систем на раб на колапс. Државните енергетски капацитети се во долгови од стотици милиони евра, додека приватните компании бележат рекордна добивка – како што е случајот со ЕВН, чиј профит во 2023 година порасна за 546% во однос на 2022 година.

Наместо да вложуваме во развој на независни капацитети, како хидроцентралата Чебрен или гасификацијата, сведоци сме на отворен приоритет на приватниот енергетски интерес. Каде е визијата за независна енергетска иднина?

Енергетската криза не е само последица на глобалните трендови, туку и на домашното лошо менаџирање. ТЕЦ Неготино работи на мазут – еколошки и економски неодржливо. РЕК Битола има реактори што 365 дена во годината не функционираат.

Оваа Влада наместо да инвестира во одржлив развој, гледаме како повторно ги исползува јавните ресурси за исполнување на приватни интереси и плаќање рекет на НАТО.

Граѓаните заслужуваат енергетска независност, а не нестабилен енергетски систем и зголемени сметки. – истакна Мециновиќ.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: