Пожарот на Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица, моментално е под контрола.
Но, како настануваат овие пожари?
Мештани од село Вирово на социјалните мрежи објавуваат видеа и фотографии токму од предизвикувачите на пожари низ Македонија.
Според нив, пожарите се предизвикуваат со „огнени балони“.
„Споделувајте итно, сите селани го видоа со голо око, над село дојде како љубовен балон запален со оган“, пишуваат тие.