После две децении, Германците и понатаму незнаат кој садел дрвја во облик на кукасти крстови по нивните шуми.
Пред околу 20 години, еден шумар во источна Германија во блиската шума открил форми на дрвја во форма на кукаст крст. Оваа појава предизвика меѓународен интерес, како и многу други формации кои се откриени во Германија и нејзините околни шуми, но тајноста на овие мистерии се уште не е разрешена.
Гледајќи ги фотографиите, Гантер Решке од Бранденбург прв ја забележал уникатната форма на дрвјата правејќи воздушни снимки за потребите на полевањето. Тој забележал мала група од 140 листопадни дрвја во средината на една густа шума, опкружени со стотици други зимзелени дрвја – борови. Тисите, за разлика од боровите, во есен ја менуваат бојата, прво во жолта, а потоа во кафеава. И кога тие биле забележани од одредена висина, не било тешко да се препознае шаблонот што го формирале.
Архитектот Гинтер, изнајмил авион за да ја прелета областа, и навистина, таму јасно се гледала исцртаниот кукаст крст. Шумарот, Клаус Герике, тргнал да го открие потеклото на вознемирувачкиот облик и дознал дека дрвјата биле таму уште од доцните 30-ти години на 20 – от век. Тоа значи дека со децении, во текот на секоја пролет и есен, се појавувала огромна свастика – преживувајќи ги и руската окупација, и комунистичката власт во Источна Германија и падот на Берлинскиот ѕид, а притоа воопшто да не биде забележана.
Не требало да помине многу време за да почне да се зборува за ова. Веста се проширила и надвор од регионот, па дури и надвор од Германија. За неа пишуваше и „Фигаро“, а тогашниот француски претседател Митеран наводно поради ова го повикал германски колега Херцог. Набрзо потоа, германскиот претседател наредил овој навредлив симбол да се отстрани. Дрвјата ги исекле, но трупците ја исцртале оваа форма уште појасно, и таа јасно се гледала во текот на целата година.
Властите почнале сè повеќе да се загрижуваат дека местото може да стане светилиште за неонацистите. Ова го натерало министерот за агрикултура на источната држава Бранденбург да почне да презема драстични мерки. Наредено било да се одсече цела шума, но федералната канцеларија надлежна за управување на имотот го попречила планот поради сопственоста на некои имоти во таа област и дала дозвола за сечење на само 20 дрвја.
Еден од тамошните селани тврдел дека тој ги насадил дрвјата, уште како дете, и дека шумарот му платил по неколку центи за секој расад што го ставал во земјата. Некои тврделе дека симболите биле насадени како знак на благодарност до нацистичките власти за новоизградените патишта, а други велат дека симболите се очајничко извинување откако еден локалец бил уапсен за тајно слушање на радиото Би-би-си, забрането од нацистите. Третата верзија вели дека некој локален нацистички лидер наредил да се насадат тисите за да се одбележи роденденот на Хитлер.
Слични симболи се пронајдени ширум Германија: кукаст крст од ариш и 1933 од смрека во покраината Хесен, кукаст крст од зимзелени елки во Висбаден, а се забележани вакви слични симболи дури и во Киргистан.После две децении, Германците и понатаму незнаат кој садел дрвја во облик на кукасти крстови по нивните шуми.