Антиалбански изјави и критики кон ВРЕДИ, Движењето ЗНАМ само ги кажува пред камери бидејќи нема конфликт во власта, тврди министерот за евроинтеграции од редовите на ВРЕДИ, Орхан Муртезани во Дејли клик на ТВ21. Според него, ваквото однесување на ЗНАМ е да привлече медиумско внимание. Тие го потсетуваат Димитриевски дека по една година ќе треба да ги бара гласовите на Албанците во Куманово, а ако продолжи вака, нема да ја добие поддршката од коалицијата ВРЕДИ.
„Она што не се гледа во власта, се гледа во јавноста, бидејќи со ЗНАМ не се чувствува притисок во Владата, а нивниот претседател често се појавува во јавноста и дава често контрадикторни изјави. Ова го оценивме како обид да се покрие недостатокот на медиумско внимание, со напади врз Албанците бидејќи нема друга логика. Во разговорите во Владата и во институционалната комуникација во министерствата и институциите нема ниту искра на конфликт.“, рече Муртезани.
Дури и премиерот Мицоски вели дека атмосферата во Владата е конструктивна. Додава дека секој од функционерите секојдневно се труди да работи добро.
Ваквите реакции следат откако претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски коалицијата ВРЕДИ ја нарече партнер на партнерите во влада. Димитриевски вели дека ВРЕДИ треба да престане да ја имитира ДУИ.
Првите искри на несогласување меѓу ЗНАМ и ВРЕДИ се појавија по координативната средба на функционери на ВРЕДИ каде на маса го поставија албанското знаме. Несогласувањата меѓу двете страни продолжија и на темата за Балансерот и идејата за Албанска академија на науките.