четврток, 12 ноември 2026
Најново

(Видео) Напад на полицајци со нож во Франција: Додека ги бодел извикувал „Алах акбар“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Двајца француски полицијци синоќа биле повредени со нож во центарот на Тулуз, Франција, по што напаѓачот бил уапсен, соопшти градоначалникот на Тулуз, Жан-Лик Муден, објави „Фигаро“.

Мажот, тврдејќи дека поседува информации, ги навредувал и им се заканувал на полицајците, по што извадил два ножа. Градоначалникот на Тулуз го опиша нападот како инцидент со терористичка реторика.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според ексклузивните информации на француски „Фигаро“, напаѓачот повеќепати извикал „Алах акбар“.

Тројца полицајци со полициски палки и опремени со солзавецго го опколиле напаѓачот. Благодарение на заштитната градежна ограда, полицајците успеале да го оневозможат да побегне.

Додека се обидувале да го совладаат напаѓачот, полицајците истовремено се бранеле од ударите со нож, при што двајца од нив биле повредени во раката.

На полицајците им биле потребни неколку секунди за да го совладаат и онеспособат напаѓачот.

Поврзани вести