(ВИДЕО) Научниците дадоа објаснување за портокаловите реки на Алјаска






Во последниве години реките во Алјаска стануваат портокалови. Откако тоа првпат беше забележано во 2018 година, феноменот продолжува.
Во истражувањето објавено во списанието „Communications: earth earth & environment“, научниците откриваат дека причината за промената на бојата на реките се климатските промени, а сателитски снимки од 2008 година потврдуваат дека одредени водни патишта се менуваат од бистри во портокалови.
Екологот Џон О’Донел опишува дека на некои места водите изгледаат како сок од портокал.
Арктикот се загрева, а неговиот вечен мраз се топи. Кога ќе се случи тоа, киселините и металите, цинкот, никелот, бакарот, кадмиумот, железото и алуминиумот се ослободуваат од почвата, а поради атмосферските влијанија, тие се изложени на вода и кислород.
Овој процес предизвикува металите, особено железото, да за’рѓаат, обојувајќи ги реките во матна портокалово-кафеава боја, објаснуваат истражувачите.

Идентификувани се 75 реки и потоци кои станаа портокалови преку речиси 1.000 километри водни патишта во опсегот Брукс во Северна Алјаска. Некои се обоени толку длабоко што нивната боја е видлива и од вселената.
Во многу реки во Алјаска веќе нема лосос поради зголемените температури на водата и други фактори, а тоа влијае врз домородните заедници и нивните ресурси за живот.
Топењето на вечниот мраз е поврзано и со ослободување на одамна замрзнати вируси и огромни количини складиран јаглерод. Во некои области топењето ја дестабилизира површината на земјата, а движењето на земјата предизвикува проблеми бидејќи влијае врз инфраструктурата.

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: