Уривањето на бината, како што пишува претседателски кандидат Хорхе Алварез Мајнез на социјалните мрежи, е предизвикано од ненадеен налет на ветер
Најмалку пет лица загинаа, а уште 50 се повредени откако се урна бина на митинг во предизборната кампања во северната мексиканска држава Нуево Леон, изјави локалниот гувернер.
Инцидентот се случил додека централно-левичарскиот претседателски кандидат Хорхе Алварез Мајнез држел говор во градот Сан Педро Гарза Гарсија, во близина на Монтереј.
Мајнез, како што пренесува Би-би-си, не е повреден при уривањето на бината и по инцидентот е виден како разговара со поддржувачите. Повредени се неколку членови на неговиот тим.
Уривањето на бината, како што пишува Мајнез на социјалните мрежи, е предизвикано од ненадеен налет на ветер.
Директорот на мексиканскиот институт за социјално осигурување објави дека десетици луѓе се лекуваат во локалните клиники.
Мајнез на својот профил на Фејсбук напиша дека по инцидентот бил префрлен во болницата Сан Хозе.
„Добро сум и во комуникација со државните органи за да видиме што се случи. Единствената важна работа во моментов е да се грижиме за жртвите од несреќата“,
рече Мајнез, додавајќи дека ги прекинал активностите на изборната кампања.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа моментот како на сцената има неколку луѓе, а Мајнез ги поздравува поддржувачите и кога бината се урива тој бега на безбедно.
BREAKING: Stage collapses during a political rally in northeast Mexico. At least four people are dead, and many are injured.pic.twitter.com/lWzzsBXzrO
— Viral News NYC (@ViralNewsNYC) May 23, 2024