Дилема: Сорос ли го руши Вучиќ?

Не знам што се нервирате толку за Србија, не планирам поединечно да се расправам во коментари ама еве ќе ве прашам јавно сите:

Вучиќ е близок со Кинезите, Американците, Европејците, Русите… Кој му прави шарена револуција?!

Како може да има шарена ревоулиција ако спасителите Елон Маск и Доналд Трамп укинаа УСАИД, НЕД и се останато, кој ги финансира?

Сорос ли го руши кога Вучиќ има повеќе слики со Сорос него со неговите дома?

Целта е Косово да се даде? Па Косово е дадено уште со Бриселскиот договор кога Вучиќ дефакто ги призна институциите на Косово.

ПС. Ја сатанисти и трансџендер не видов на протестите напротив луѓе кои веруваат во Бога и се шетаат со икони од Христа…

ППС. И ствано мислите дека подобро знаете како се живее во Србија од оние 100-тици илјади луѓе кои излегоа на улица да бараат промени?

Фејсбук статус на новинарот на Инфомакс, Милош Милошевски

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.