четврток, 12 ноември 2026
Најново

(Видео) „Немаме ништо!“ Семејство не може да излезе од куќата, утрово се излеа Кочанска река

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Облешево владее драма поради излевање на Кочанска река, која предизвика поплавување на куќи, ниви и магацини со ориз. Едно семејство не може да ја напушти својата куќа и останало заглавено.

„Сабајле околу 6 часот видовме дека водата надојде. Не можеме да излеземе, само до терасата и таму застанавме“, изјави сопственичката на една од поплавените куќи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Таа додаде дека бараат итно да дојде градоначалникот за да разговараат за ситуацијата и потенцијалната штета.

Семејството најави дека ќе поднесе барање за обештетување поради причинетата материјална штета. Надлежните засега не соопштија кога ќе интервенираат за расчистување и заштита на имотот.

Поврзани вести