ВИДЕО: Новинар за потребите на документарец глумел бездомник, а потоа починал

Ли Халпин (26) планирал да помине една недела живот на улица во неговиот роден град Њукасл за потребите на документарецот во кои сакал да ги прикаже проблемите со кои се соочуваат луѓето  без покрив над главата.
Проектот започнал во неделата, но три дена подоцна, овој млад човек бил пронајден мртов во една напуштена зграда во западниот град Делуз, пишуваат британските медиуми.
Се уште не е потврдено како умрел, но постои сомневање дека умрел од хипотермија во текот на ноќта затоа што температурите биле ниски.
Еден ден пред тој да влезе во авантурата на улица, тој снимил видео и го прикачил на YouTube, каде што открил дека проектот е дел од барањето за истражувачко новинарство и дека сакал да биде пример за бестрашен новинари.
Двајца мажи биле уапсени под сомневање во врска со неговиот случај. Се верува дека тие му дале дрога поради која тој не се разбудил.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Ли Халпин (26) планирал да помине една недела живот на улица во неговиот роден град Њукасл за потребите на документаре

Пронајдете не на следниве мрежи: