четврток, 12 ноември 2026
Најново

(Видео) Нов инцидент во Србија – возач влета низ средношколци за да пробие блокада

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Возач со џип денеска се залетал во средношколци кои организирале блокада на крстосница во градот Бечеј, во Војводина. Ова се случило за време на 15-минутниот молк за 15-те жртви во новосадската трагедија, пишува локалниот портал „Автономија инфо“.

Инцидент беше спречен бидејќи во близина имаше полицајци, по што возачот се врати во автомобилот и замина од местото, пишува порталот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Учениците од гимназијата во Бечеј кои се во блокада и кои поминаа две ноќи во училиштето, денеска соопштија дека се разочарани од одлуката на Училишниот одбор наставата да продолжи за учениците кои сакаат да ја посетуваат.

Протестите на студентите поради уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 15 луѓе, траат веќе три и пол месеци и тие во меѓувреме прераснаа во широки изрази на незадоволство од корупцијата и од состојбата во која се наоѓа српското општество.

Поврзани вести