(Видео) Ова е Балкан: „Торцида“ влезе на теренот, полицијата фрли солзавец, играчите се разбегаа!

Големото хрватско дерби повторно донесе големи проблеми, овојпат по завршувањето на натпреварот.

Непосредно по последниот свиреж на главниот судија, припадниците на навивачката група „Торцида“ влетаа на теренот и се стрчаа кон навивачите на Динамо, „Бед Блу Бојс“ кои беа сместени на спротивната страна од стадионот. На теренот фрлија неколку факели, а фудбалерите на двете екипи во паника се разбегаа и заминаа во соблекувалната.

За да се спречи поголеми нереди, полицијата фрли солзавец и се обиде да ги запре хулиганите, но потоа дојде до голема пресметка меѓу припадниците на редот и навивачите на Хајдук. Дојдоа и специјалци и тие успеаја да воспостават ред на стадионот, ги опкружија домашните фанови, го запреа нивниот продор кон север и се се заврши во најдобар ред.

Пронајдете не на следниве мрежи: