Огромно албанско знаме е поставено на џамијата во Куманово, објави ТВ 21. Тие објавија и видео од поставувањето на знамето, а засега нема реакција од градоначалникот Максим Димитриевски и Општина Куманово.
Во врска со користењето на албанското знаме, претходно партијата на кумановскиот градоначалник, ЗНАМ и самиот Димитриевски реагираа на незаконското користење на албанското знаме од страна на нивните коалициони партнери во Владата, ВЛЕН. Димитриевски во гостување во Канал 5 телевизија истакна дека доколку тоа поведение на Изет Меџити и останатите функционери во Владата се повтори, тој ќе излезе од Влада, но кратко потоа ретерираше од ставот. Тогаш НЗМА соопштија дека ќе останат во Владата за да бидат коректори на нејзината работа.