(Видео) Онкологија ќе земе лекови на реверс и покрај изјавата на премиерот дека тоа е незаконски?

Директорот на Клиниката за Онкологија, Игор Стојковски, денеска потпишал договори со неколку компании за замање на реверс на лекови потребни за онколошките пациенти, дознава „Инфомакс“ од сопствени извори.

Претходно премиерот Мицкоски, во гостување во емисијата „360 степени“ рече дека земањето лекови на реверс е незаконски.

– „Проблемот со недостатокот на лекови на Клиниката за онкологија е решен за рекордно време, нема да се повтори во иднина и по првпат нема да се земаат лекови на реверси, без контрола и со избор на преферирани веледрогерии… Најчесно ќе беше да продолжиме со принципот како досега, односно омилената веледрогерија на претходната влада, да ја негуваме и третираме, како што тоа го правеше претходната влада, да добиваме лекарства на реверс кои ќе ги плаќаме 3-4 пати повеќе, без соодветна тендерска процедура, па сето тоа потоа да се враќа, надградува и додава, или да спроведеме нормална законска тендерска процедура во којашто снабдувачите ќе обезбедат ваков тип лекови за пациентите и тоа го правиме“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Денеска, во изјава за МИА, директорот на Онкологија кажа дека два од  шесте лека што недостасуваат на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје се очекува да стигнат денеска, а од утре на располагање на Клиниката ќе биде уште еден лек.

Другите три лека, според Стојковски, ќе пристигнат на Клиниката на почетокот на февруари.

„Се довршуваат административните процедури за оние лекови што недостасуваат, со цел да ја обезбедиме соодветната терапија за пациентите“, вели директорот на Онкологија.

Стојковски информира дека од следната недела ќе располагаат со новите буџетски средства со што ќе се обезбеди терапијата за пациентите на Онкологија до крајот на годината. Ако има потреба од дополнителни финансиски средства, како што рече, Фондот за здравствено осигурување ќе им излезе во пресрет.

Изјавата на премиерот Мицкоски дека лекови нема да се земаат на реверс, ја коментираше и уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, во поткастот „Тешки муабети“ на Инфомакс.

– „Луѓето на Онкологија, болни од најтешката болест, живеат во агонија, во невидени болки, а ти оправаш криви дрини, политика. Што е подобро, да земеме на реверс, да се позајмиме, да се заборчиме за да спасиме пациент, или да тераме политика? Што е подобро? По мене, како демохристијанин и како хуманист, подобро е да се заборчиме, да земеме на реверс, за да спасиме човек, а после ако треба ќе одговарам, ама знам дека сум спасил човек. Како член на ова општество, јас сакам да знам дека мојата држава спасила човек по секоја цена, по цена на својата слобода, по цена некој да падне во затвор. Сакам да знам дека во мојата држава има луѓе кои се спремни да го дадат својот живот, за да го спасат мојот“, истакна Митовски кој додаде дека едно од решенијата е Владата да донесе одлука дека лекови можат да се земат на реверс, што најверојатно е направено во оваа ситуација.

@infomax.mk

Македонија Инфомакс ТешкиМуабети вести политика ТикТок makedonija infomax teskimuabeti vesti fyp tiktok viralvideo podcast news macedon MacedoniaForever MacedoniaAlways MacedoniaMacedonia

♬ original sound – iNFOMAX.mk – iNFOMAX.mk

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.