(Видео) Оро на Прешево, Србите кои чекаа на границата со Македонија си најдоа забава

Празничниот продолжен викенд создаде долги колони на речиси сите гранични премини во регионов. Тоа е случај и со преминот Прешево преку кој од Србија се влегува во Македонија. Група Срби кои се најдоа во долгата колона си најде занимација за да го пополни времето за чекање.

Оро и гласна музука беше решението за исцрпувачкото и здодевно чекање на граничниот премин. На социјалните мрежи се појавија видеа од креативната група која реши да не го минува времето седејќи во автомобил.

Пронајдете не на следниве мрежи: