Меланија Трамп мораше да интервенира и да му помогне на Доналд Трамп да ја надмине непријатната ситуација на погребот на папата Франциск денес, откако американскиот претседател речиси направи дипломатски гаф, објавува „Дејли меил“.
Добивај вести на вибер
Повеќе од 400.000 ожалостени се собраа на плоштадот „Свети Петар“ за да му оддадат почит на папата Франциск од Аргентина, кој почина од мозочен удар на 88-годишна возраст на Велигденски понеделник.
Меѓу присутните имаше странски државници, светски лидери и монарси, а се известува дека на ова собирање во Ватикан учествуваа претставници од 130 земји и меѓународни организации.
Делегацијата ја предводеше 78-годишниот американски претседател и неговата сопруга Меланија, чиј 55-ти роденден се совпадна со денот на погребот на папата. Тие пристигнаа во Рим доцна претходната вечер.
За време на тричасовната католичка миса, во еден момент присутните беа поканети да си дадат „знак на мир“ со ракување.
Снимката го покажува Трамп како ги набљудува настаните околу него, но не учествува во ритуалот „знак на мирот“ сè додека Меланија не му дојде на помош, како што подоцна беше откриено.
Никола Хиклинг, форензичка читачка на усни, за „МејлОнлајн“ изјави дека Меланија му шепнала на сопругот да почне да се ракува, пред Трамп неволно да се ракува со францускиот претседател Емануел Макрон.
„Треба да го направиш тоа“, му шепна Меланија на уво, а потоа повтори.
„Добро, во ред“, одговори американскиот претседател.
Потоа тој се ракуваше со естонскиот претседател Алар Карис, како и со шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција, пред да се сврти кон Макрон.
The congregation are invited to offer the sign of peace – by shaking each other’s hands.
Cameras quickly pan to the US president, who, after a short pause and a word from Melania, begins shaking hands with other world leaders. https://t.co/Id7P7vW11O
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/SLAqNKbS7S
— Sky News (@SkyNews) April 26, 2025