Трајко Славески е партиско решение за гувернер на НБРМ, а исто и Ставрески, вели некогашниот министер за финансии Џевдет Хајредини, во поткастот Бизнис муабети кој се емитува на порталот Фактор. Според него, требаше да се продолжи мандатот на досегашната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска.
„Истиот Славески, а тоа нему сум му го кажал и директно на телевизија, кога беше министер за финансии, Македонија издаде еврообврзница со каматна стапка од 9,8 отсто. И јас сум кажал дека за тоа е рекордер во историјата на Македонија, министер за финансии да дозволи неговата држава да плаќа камата од 9,8 отсто на странски кредит. Зошто Македонија имаше потреба да плаќа толку висока камата… А всушност Груевски тогаш бил во цајтнот со ликвидноста на државата“, вели меѓу другото Хајредини.
Во поткастот Хајредини тврди и дека сите политичари одат на „бацирака“ кај моќните банкари. Хајредини Смета дека актуелната владејачка гарнитура на чело со Мицкоски има проблем да се бори со корупцијата која ја јаде македонската економија. Според Хајредини, милијарди се искрадени од Македонија изминативе 35 години. За британското партнерство, за 6-те милијарди евра, за унгарскиот кредит, македонската економија гледајте утре во Бизнис муабети на Фактор.мк.
https://www.youtube.com/watch?v=_YzsqtvT0tsACM9Jhttps://www.youtube.com/watch
Powered by youtube embed code and sms lån som beviljar alla utan uc



