четврток, 12 ноември 2026
Најново

(Видео) Пукна трпението во Горњи Милановац – жителите ја преплавија општината со пластични шишиња

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во знак на протест поради рестрикциите на вода, граѓаните на Горњи Милановац, Србија, оставија празни пластични шишиња пред зградата на општината, пренесе Н1.

Во Горњи Милановац во моментов се на сила рестрикции на вода, при што водоснабдувањето се прекинува наизменично во две групи, по 12 часа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од кабинетот на претседателот на Општина Горњи Милановац, Дејан Ковачевиќ, претходно беше соопштено дека рестрикциите се воведени поради намаленото ниво на реката Рзав, од која со вода се снабдуваат Горњи Милановац и уште четири града, но и поради тоа што граѓаните „исклучително нерационално“ ја трошеле водата.

Рестрикции на вода се воведени и во Чачак.

ЛИНК до видеото

Поврзани вести