Роботот кој е програмиран да игра шах, во текот на шаховската партија на Отвореното првенство во Москва, му скрши прст на момче кое му е противник.

Ова го потврди и претседателот на Московската шаховска федерација Сергеј Лазарев за новинската агенција ТАСС по инцидентот кој се случи минатата недела.
Младиот шахист одлучил да ја заврши партијата, но неговите родители најавија тужба.
И од федерацијата велат дека треба да се вградат дополнителни безбедносни протоколи, иако овој робот игра шах 15 години, апсолутно е безбеден и дека ова е единствениот инцидент на кој се сеќаваат.