(Видео) Салиу до Тошковски: Вака ли сакате да бидете запаметени?

Сака ли Тошковски да ги затвори новинарите во канцеларија, прашува новинарот Фуркан Салиу кој претходно објави дека МВР поднела против него кривична пријава за наводен напад на службено лице.

– Г. Тошковски, зарем вака сакате да бидете запаметени?

Покажавте човечност на последната конференција за медиуми и си реков овој навистина немал поима што се случува во Коњаре, но последните ваши постапки навистина ме тераат да размислам два пати.

Од ова вие направивте личен конфликт. Ова веќе е помеѓу Фуркан Салиу и Панче Тошковски само што вие имате цел еден државен апарат во рака а јас само еден микрофон.

Вие имате цела партиска структура која што е зад вас во борба против екипа од 5 млади дечки.

Но ние имаме само една мала предност… Вистината и народот.

Кога би била професионална дилема помеѓу еден министер и еден новинар за своите постапки тогаш денеска немаше да има кривична пријава а вие ќе побаравте извинување.

Еве со видео уште еднаш ве потсетувам што кажавте пред неколку дена…

Многу јасно беше прашањето:

Што ќе се случи ако испадне дека јас не сум нападнал полицаец?

Знаете што одговоривте Г. Тошковски?

Ќе ви се извинам лично!

Знаете што е најлошо? Што овој проблем го претворивте во политичка битка ама адресата ви е погрешна. Вие барате гласови, јас не.

Но да, за едно ќе ви дадам рака и ќе ви признавам… Успеавте да го држите тимот на ПорталХ зафатен овој период.

Луѓе се јавуваат бараат помош но нашиот тим е зафатен бранејќи се од институцијата која што треба да не заштитува.

Како и да е, редно е вие да се извините а ако постои барем малку морал, човечност и правда тие кривични пријави ќе бидат отфрлени. – пишува Салиу.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: