Огнено торнадо е снимено во долината Сан Фернандо во Лос Анџелес, феномен предизвикан од силните ветрови во област која веќе четири дена е загрозена од големи пожари.
Феноменот е забележан во близина на градот Пацифик Палисадес, еден од најтешко погодените од катастрофалните пожари во кои според последните податоци загинаа 11 лица, додека уништени се 11.000 згради, објави Dailymail.
Иако денеска состојбата на терен е нешто подобра, уште најмалку три пожари не се ставени под контрола. Најновата снимка покажува огнено торнадо кое се формира додека пламените јазици се приближуваат до долината Сан Фернандо.
Огненото торнадо е ретка појава која се јавува кога шумски пожар, заедно со турбулентните ветрови, создава огнен вител, заедно со пепел и чад.
WATCH: A ‘fire tornado’ has been spotted in the Los Angeles Pacific Palisades blaze. A news crew filmed the phenomenon from a chopper as it circled the San Fernando Valley.
pic.twitter.com/cvCaJ7586A— TV News Now (@TVNewsNow) January 11, 2025