(Видео) Се појави снимка од пукањето во Ханиоти: Во ресторанот имало над 400 луѓе, меѓу кои и мали деца

Снинмка од безбедносните камери на плажата Ахинос Тути ја покажува пресметката меѓу тројца Бугари во туристичкото место Ханиоити на првит крак на Хаклидики. Во тепачката во преполниот ресторан летаат столчиња, а влегуваат уште тројца мажи. Клиентите бегаат. Се слушаат врисоци и паника.

Волонтер од местото по име Јоанис за бТВ раскажа како дознал за случајот и како влегол во ресторанот:

– Ќерка ми рече дека има мали деца. Сите се забавуваа. Сè се случи за неколку секунди. Како да дојде пеколот. Истрели насекаде. Ја добив опремата и почнав да помагам. Влегов внатре – прво видов човек со куршум во градите. Веднаш повикав брза помош – вели тој.

По масовната тепачка и пукање меѓу Бугари во грчки ресторан на Халкидики, тројцата Бугари кои беа повредени во метежот остануваат во болница, објектот останува затворен, а има зголемено присуство на полиција.

Причините за пукањето сè уште се истражуваат. Според очевидци, во ресторанот имало повеќе од 400 луѓе, меѓу кои и мали деца.

Пронајдете не на следниве мрежи: