Советот на Општина Битола едногласно го изгласа заклучокот со кој бара Владата да ја промени локацијата за изградба на регионална депонија, која според планот треба да се изгради во Битола.
– Битолчани категорично кажаа „НЕ“ за изградба на депонија во близина на Битола. Ќе ве замолам да донесеме еден заклучок до Влада на Република Македонија, за промена на локацијата за изградба на депонија, а воедно ќе ги повикам и пратениците од Битола да го случнат револтот на Битолчани и веднаш да реагираат, истакна на седница на Советот советникот Иван Чолаковски по што Советот едногласно го усвои заклучокот.



