четврток, 12 ноември 2026
Најново

ВИДЕО | Спектакуларен потег на голман на Светското првенство во фудбал на плажа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Деновиве во Обединетите Арапски Емирати се одржува Светското првенство во фудбал на плажа, а по само неколку натпревари се случи потег кој ја обиколи целата планета.Имено, голманот на иранската репрезентација Сејед Мирџалили постигна гол за телевизиските хајлајтс.

Тргна од сопствениот гол, дури 11 пати ја допре топката при жонглирање, а потоа со прецизен и силен волеј ја смести во мрежата од противничкиот гол за резултат 2:2.На крајот, во натпреварот од третото коло од групата Б, Иран го победи Тахити со 5:3, а Мирјалили постигна уште еден гол.

Двете селекции ќе го продолжат натпреварувањето на турнирот во баражот бидејќи Иран и Тахити беа подобри во групата од фаворизираните селекции на Шпанија и Аргентина.Инаку, ФИФА посвети големо внимание на овој настан, а претседателот Џани Инфантино ги следи сите натпревари.Натпреварите на Светското првенство се играат на песочните терени на плажата во Дубаи.

Поврзани вести