Сара Мапели уште од мали нозе сака да игра, но овој екстремен танц го изведе само три пати и тоа заради фотографирање и снимање на кратки филмови. Всушност Сара игра додека на нејзиното полуголо тело има околу 12,000 пчели.
Сара објаснува дека првиот слој од убоди од пчелите болат многу, но дека таа е во друг свет и болката не и смета. Кога сите пчели се на неа , тие ја туркаат со своите крила и така играат со неа.
Сара која инаку е уметничка, биоенергетичар, архитект, вели дека танцот со пчелите е најважното нешто кое го направила во животот.
Овие видео делови се од документарец за пчелите 'Queen of the Sun: What Are the Bees Telling Us?' од режисерот Тагарт Сиегел. Иако некој би ја нарекол Сара луда таа сепак ужива во ова, а колку изгледа страшно овој танц и како таа ги вади сите тие пчели погледнете во видеото…
Сара Мапели уште од мали нозе сака да игра, но овој екстремен танц го изведе само три пати и тоа заради фотографирање&
Пронајдете не на следниве мрежи: