(Видео) Тепачка во српското собрание

По влегувањето на членовите на Владата на Србија и акцијата на опозицијата и контра акцијата на власта во вид на транспаренти, дошло до инцидент во Собранието на Србија меѓу членови на Владата и пратеници на владејачката коалицијата од една страна и членовите на опозицијата од друга страна.

По усвојувањето на дневниот ред, пратениците од опозицијата станаа држејќи транспаренти на кои пишуваше „Рацете ви се крвави“ и „Корупцијата убива“, а пратениците од власта стоеја со транспаренти „Жолти ѓубриња и корупцијата ви е средното име“, пренесува „Данас“.

По фрлањето и скандирањата кои дојдоа од двете страни, пратениците се симнаа од собраниските клупи, по што следеше штракање со коски.

Конфликтот се случил и на балконот, каде што претставниците на власта закачиле транспарент на кој пишувало дека „жолтите крадци“ сакаат граѓанска војна, а Србија – работа.

Како започна се, погледнете во видеото подолу:

Пронајдете не на следниве мрежи: