Торнадо со ветрови до 260 километри на час усмрти најмалку 11 лица во кинеската покраина Хубеи, а локалните медиуми објавија дека 30-годишен маж бил извлечен од својот стан на 12. кат. Во исто време, поплавите во јужна Кина ослободија повеќе од 800 змии од една фарма, меѓу кои и кобри.
Видео од торнадото покажува како ветерот урива куќи, превртува возила и носи тешки предмети низ улиците. Во друга покраина, жителите организирале потрага по избеганите влекачи, откако еден човек бил каснат и пренесен во болница.



