(Видео) Трамп дојде на митинг во камион за ѓубре: Поздрав до Камала и Бајден

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп се појави на митинг во Висконсин во камион за ѓубре, облечен во флуоресцентен елек, откако актуелниот претседател Џо Бајден изјави дека поддржувачите на републиканците се „ѓубре“.
Тој ја праша толпата дали им се допаѓа камионот во кој влезе, велејќи дека тоа го направил „во чест на Камала (Харис) и Бајден“, пренесе Си-Ен-Ен.
„Морам да кажам дека 250 милиони Американци не се ѓубре“, рече Трамп.

Бајден претходно ја критикуваше реториката што ја употреби Трамп на митинг во Медисон Сквер Гарден, Њујорк.
„Пред некој ден, еден говорник на митингот на Трамп го нарече Порторико лебдечки остров на ѓубре. Познавам Порториканци во мојата родна држава Делавер и тие се добри и чесни луѓе“, рече Бајден во разговор со претставниците на шпанско- Американската организација за анимација на гласачите Voto Latino, пренесува АП.

Американскиот претседател потоа додаде дека поддржувачите на Трамп се единственото ѓубре што го гледа, а демонизирањето на Латиноамериканците од страна на Трамп го оцени како „непростливо и неамериканско“.
„Тоа е целосно спротивно на се што направивме и се што сме“, рече американскиот претседател.
Портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс, рече дека Бајден „ја нарече омраза реторика од собирот во Медисон Сквер Гарден ѓубре“.

Пронајдете не на следниве мрежи: