Маж и жена рано утрово загинале во пожар во куќа во викенд-населбата во скопското село Морани, соопшти полицијата.
„Денеска (14.11.2024) околу 04.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Морани, во викенд-населбата, гори куќа, сопственост на Р.Н.(66). На лице место се упатени полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Во куќата се пронајдени две тела, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени за обдукција. Во 09.30 часот пожарот бил изгаснат“, се вели во полициското соопштение.


