Родителите на учениците кои го посетуваат белградското основно училиште „Милена Павловиќ Барили“ утрово се собраа пред училиштето за да им дадат поддршка на наставниците.
Како што може да се види на видеото кое кружи на социјалните мрежи, во еден момент влегле во зградата барајќи да разговараат со директорот за повеќе да не врши притисок врз вработените. Меѓутоа, како што се истакнува во објавата, директорот побегнал, а родителите му се јавиле и побарале да закажат средба со него утре во осум часот наутро.
Како што се наведува во објавата на социјалните мрежи, тие сакале мирно и достоинствено да разговараат со новоименуваниот директор на училиштето, Милан Ѓукиќ, но во тоа биле спречени од маж, за кој се претпоставува дека е вработен во училиштето.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.