Од раните утрински часови денеска хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР продолжи да дејствува врз пожарот кој изби вчера во реонот на планината Серта.
-Хеликоптерот во 32 налета исфрли 48 тона вода врз пожарот. Се дејствуваше на краците од пожарот кои преставуваа опасност да се упатат кон селата Брусник, Калањево и Липа, информира МВР.
Оттаму додаваат дека доколку има потреба хеликоптерот ќе продолжи да дејствува.