(Видео) Хрватите денеска бојкотираат купување поради високите цени

Хрватите денеска не купуваат ништо, бојкотираат поради високите цени. На социјалните мрежи веќе се споделуваат видеа и фотографии на кои се гледаат целосно празни паркинзи пред трговските центри и најголемите трговски синџири во повеќе градови, меѓу кои и во Загреб и Сплит.

Иницијативата ја започна Фејсбук групата „Ало, инспекторе“, по што ја поддржаа здруженијата за заштита на потрошувачите, синдикатите, политичките партии, па дури и самиот министер за економија.

Пронајдете не на следниве мрежи: