четврток, 12 ноември 2026
Најново

(Видео) Црногорските студенти испратија барања до премиерот на јапонски јазик

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Црногорските студенти, кои бараат разрешување на највисоките безбедносни функционери по смртта на тринаесет лица во масовното пукање во Цетиње, ги испратија своите барања до премиерот на јапонски, иронично надевајќи се дека тој ќе ги разбере подобро отколку на својот мајчин јазик.

Студентите бараат разрешување на црногорскиот министер за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот за одбрана и безбедност Алекса Бечиќ, кои ги сметаат за политички одговорни за крвопролевањето на Нова година на 1 јануари. На протест во Подгорица претставници на неформалната студентска група „Камо сутра?“ преку разглас ги емитуваа барањата на јапонски за да ги слушне премиерот Милојко Спајиќ.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Бидејќи нашиот премиер очигледно не ги разбрал добро барањата на црногорски, српски, хрватски и босански јазик, вечерва ќе ги повториме на неговиот мајчин јазик – јапонски“, рече Итана Драгојевиќ, една од членовите на студентската организација.

Премиерот Спајиќ зборува јапонски, бидејќи живеел и работел во Јапонија. Студентите организираа неколку протести и блокади на патиштата во Подгорица.

Поврзани вести