Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ ја прекина серијата на лоши резултати, порази и тоа на Мастерсот во Мајами каде ја оправда улогата на фаворит во пресметката со 86. светски рекет Ринки Хиџиката од Австралија.
Новак на претходните два турнири губеше експресно во Доха и Индијан Велс, додека пак на Австралија Опен не издржа и му се предаде на Александер Зверев, но вечерва имаше друг план и се спрати со Хиџиката во два сета.
Првиот го реши со 6-0, додека во вториот доби силен отпор за противникот кој се избори за тај-брејк во кој Ноле доминираше со 7-1. Ова за Ѓоковиќ беше 410 победа на Мастерс турнирите со што се израмни на првото место со досегашниот рекордер Рафаел Надал.
4⃣1⃣0⃣ 🆙 👏@DjokerNole ties Rafael Nadal for the most ATP Masters 1000 wins in series history! @MiamiOpen | #MiamiOpen pic.twitter.com/C5SKBD6E5d
— ATP Tour (@atptour) March 21, 2025
Нареден ривал ќе му биде Камило Уго Карабели кој како „лаки лузер“ суреди двајца американски тенисери, Холт, а потоа и фаворизираниот Микелсен.



