Синоќа во Белград беа пречекани српските освојувачи на медали од Олимписките игри, а по свеченоста, Новак Ѓоковиќ со автомобил се провозе низ центарот на градот, додека присутните уште се враќаа дома.
Тенисерот одлучи да го почувствува духот на народот, но и да им го покаже златниот медал кој, според неговите зборови, му е најголем успех во кариерата. Фановите беа во транс, побрзаа да се фотографираат со него, го скандираа неговото име, а еден од нив побара и да го бакне.
Ѓоковиќ им излезе во пресрет на сите, никого не одби и уште еднаш им заблагодари на фановите за поддршката што ја добива од нив.
@djokernole A golden homecoming. KOD KUĆE JE NAJLEPŠE 🇷🇸❤️🥇#tennis #olympics #serbia