(Видео) Јакимовски: Не сме должни да ги слушаме сите барања на ЕУ, македонските интереси пред сѐ!

Ние ѝ требаме на Европа, колку што таа ни треба на нас! И тие сакаат целиот овој регион да го имаат под политичка, економска, безбедносна контрола.

И ние треба да поставуваме услови. Крајно дегутантно е да се однесуваме сервилно кон сите нивни барања. За жал ние не можеме да бидеме ниту на ниво на еден Албин Курти кој има странска војска, странска поддршка и слично. Во услови кога имаме ситуација „земи или остави“, тие се сигурни дека ќе биде земи, а никогаш остави и водиме многу предвидлива политика.

Вие добро кажавте дека проширувањето на ЕУ е геополитичко прашање и како резултат на тоа отворија преговори со Украина, која има проруско население и Босна и Херцеговина која е троглава аждаја, која има внатрешни проблеми, Додик сака да се отцепи. Ниту вие, ниту претседателот на државата не кажавте ништо, затоа што вон сите Копенхашки критериуми на овие земји им се отворени преговори, а Македонија е ставена на спореден колосек.

Не сме должни да ги слушаме сите барања на ЕУ, македонските интереси пред сѐ!

https://www.facebook.com/jakimovskis/videos/6575875942515081

Пронајдете не на следниве мрежи: