Британската телевизија Канал 4 емитува документарен филм во кој ќе биде прикажано како 45-годишен маж ја губи невиноста со својата секс терапевтка.
Клајв Кристијан отпатува за Америка за да ја запознае Шерил-Коен Грин, секс терапевтка. Шерил била инспирација за филмот „Сеансите“ со Хелен Хант во главната улога.
Секс сцените ќе бидат прикажани во ударно време на популарниот британски канал. Таа сцена ќе прикаже силна врска која е изградена помеѓу Шерил и Христијан, откако таа ќе му помогне да го ублажи стравот од интимност, пренесува Дејли мејл.
Документарниот филм ја прати и 29-годишената Роуз, кој сонува за брак и деца, но не може да поднесе допир на маж и е невина. Роуз исто така има длабоко всаден страв од интимност, како и Христијан, и овој страв се манифестира преку хафетофобија. Таа, исто така, верува дека мажите мирисаат на мешавина од афтершејв и шунка.
Вивиен Патерсон, портпарол на компанијата Mediawatch, која ги промовира семејните вредности, верува дека прикажувањето на овој документарец ги надминува границите на образовните програми.
Канал 4, сепак, не смета дека програмата е несоодветна, ниту пак гледа проблем во тоа што се прикажува во ударен термин.Британската телевизија Канал 4 емитува документарен филм во кој ќе биде прикажано како 45-годишен маж ја губи невиност