![ВИДЕО I Дончиќ за победа на Далас и водство од 2-0 во финалната серија ВИДЕО I Дончиќ за победа на Далас и водство од 2-0 во финалната серија](https://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2024/05/doncic-minestoa.jpg)
![doncic minestoa](https://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2024/05/doncic-minestoa.jpg)
Кошаркарите на Далас ја совладаа Минесота со 109:108 и поведоа со 2:0 во финалето на плејофот на Западната конференција на НБА.
Решавачкиот кош го постигна Лука Дончиќ. Дончиќ го заврши натпреварот со 32 поени, 10 скока и 13 асистенции за петти трипл-дабл учинок во плеј-офот оваа сезона.
Најважното нешто е што го реши мечот на три секунди пред крајот на натпреварот. При резултат 106:108, во моментите кога го чуваше Руди Гобер, се ослободи шутна и погоди за победа.
Заедно со Дончиќ, Мавс до победа ги предводеше Ирвинг. Благодарение на одличниот последен период од игра стигна до учинок од 20 коша на кои додаде и шест асистенции.
На овој натпревар не блескаа бековите на Минесота. Ентони Едвардс постигна 21, но со само 5/17 од поле, а Карл-Ентони Таунс 15 поени, со уште послаби 4/16.
Серијата сега се сели во Далас, каде ќе се играат следните два натпревари.