Видов како луѓе паѓаа од небото – на денешен ден пред 50 години стјуардесата Весна преживеала пад од 10 илјади метри, еве како изгледа денес

Весна Вуловиќ е името на кое речиси ретко некој ќе се присети, но кога ќе се спомене единствената жена која преживеала авионска несреќа веднаш сите ќе се присетат на стјуардесата.
Имено 22 годишната Југословенка е единствената личност на светот која преживеала пад од 10.160 метри без падобран.
Оваа вест го заобиколи светот на денешен ден 26 јануари кога во 17.03 часот авион на Југословенскиот аеротранспорт на линија Копенхаген – Загреб – Белград со 22 патника и шест членови на екипажот експлодирал над Чехословачка со висина од 10 илјади метри, непосредно после прелетување на Германија.
Несреќата ја преживеала само Весна, додека трупот на авионот и другите тела паднале во селото Српска Каменица.
Во една своја прилика шумарот Бруно Ханк изјавил дека цепел дрва во шупата кога слушнал силна експлозија, а веднаш потоа започнале да паѓаат луѓе од небото.
-Соседите извикуваа дека паднал авион, а потоа едвај дотрчав до блиската шума од каде слушнав женски глас како бара помош. Набрзо се стемни, имаше снег и теренот беше лизгав, под еден дел од авионот видов како висат женски нозе, а потоа видов и девојка со руса коса која не само што била жива, туку имаше и сила да вика, раскажува тој.
Додава дека со тешка сила ја ослободил од металниот оклоп кој ја приклештил, а бидејќи во војска научил што значи прва помош веднаш и пружил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.