Виена инвестира во најголемата соларна електрана во Австрија

Експертски тим предложил конкретни мерки за воспоставување енергетска безбедност во Виена, а клучна точка е дека планираните проекти за проширување на производството на струја од обновливи извори треба да се реализираат пред време.

Со цел ослободување од зависноста од рускиот гас, главниот австриски град Виена одлучи да инвестира во обновливи извори на енергија и да ја забрза реализацијата на постоечките проекти.

На тој начин Виена треба да ја добие најголемата соларна електрана во Австрија.

Експертски тим предложил конкретни мерки за воспоставување енергетска безбедност во Виена.

Клучна точка е дека планираните проекти за проширување на производството на струја од обновливи извори треба да се реализираат пред време.

Со тоа треба локалното производство на енергија за идната зима значително да се подобри и да ја намали зависноста од руски гас.

„Веќе се подготвуваме за претстојната зима. Со капацитет за складирање на гас од повеќе од 92 отсто и делумно искористување на мазутот во електраните, уверени сме дека добро ќе ја пребродиме зимата. Но, подготвувањето за зимата во 2023 година останува голем предизвик“, велат од градот Виена.

Одлучено е проширувањето на соларните капацитети на поранешната депонија во 22-та област во Виена да се прошири пред предвиденото.

Тие капацитети ќе можат да снабдуваат околу 7.400 домаќинства.

Со инвестициите во обновливи извори на енергија градот Виена продолжува и со планот за заштеда на енергијата.

За тие цели објавен е и правилник за јавните установи, во кој се наоѓаат совети за исправно греење, проветрување или осветлување.

TRT Balkan / агенции

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.