Виенски стек за 4 лица на кој нема да му одолеете

Состојки:
– 4 телешки или јунешки стекови, тенко исечени
– сол и бибер
За похување:
– брашно
– околу 100гр. презла
– 2 јајца
– масло за готвење
За тартар сос:
– 4 кисели краставички
– околу 100гр. мајонез
– 1 лажица кисела павлака
– бибер
– 3 лажици рендан рен
– 1 лук
– копар


Подготовка:
1. Тенко исечените стекови избришете ги со кујнска крпа, добро ‘истенчете’ ги и посолете ги по вкус.
2. Подгответе три сада со смесата за похување: во едниот ставете го брашното, во другиот со рака изматените јајца и во третиот истурете ја презлата.
3. Во подлабока тава загрејте го маслото, со околу еден сантиметар висина. Нека не биде премногу жешко, туку загреано на средна температура.
4. Секој стек прво добро и рамномерно измешајте го во брашното, потоа во јајцата и на крајот ставете ги во презлата.
5. Најдобро е да пржите еден по еден стек на средна температура, во затворен сад, за месото да омекне. Кога ќе поруменат од долната страна, превртете ги да се запржат и од другата страна.
6. Испржени ставете ги во сад и држете ги топли до послужување.
7. Тартар сосот (прелив): Исецкајте ги ситно киселите краставични и измешајте ги во смесата од мајонез, павлака и сите останати состојки. Ако сакате повеќе рен, додадете. Ако немате кисели краставички, тогаш може да ставите свежа краставица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.