Викендов сончево, од вторник облачно време

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од два до 13, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до 8 и дневна до 23 степени.

Во наредните денови ќе биде стабилно и суво и од недела ќе има пораст на дневната температура.

Во вторник се очекува извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.