Викендов убаво време, од понеделник повторно промена

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно, и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 7, а дневната од 10 до 21 степен Целзиусов.
И во Скопје, слично време, умерено облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Стабилното и потопло време со умерена облачност ќе преовладува до понеделник. Од понеделник кон крајот на денот повторно ќе има локални врнежи од дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.