среда, 11 ноември 2026
Најново

Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

Викендов на територијата на Скопје ќе се спроведе авионско прскање против комарци, информираат надлежните служби.

Акцијата претставува дел од редовната дезинсекција што се спроведува во текот на летниот период со цел намалување на бројот на комарци во урбаните и приградските подрачја.

Пулс24.мк - 14 години

Според најавите, прскањето ќе се изврши во раните утрински часови, кога условите за изведување се најповолни и кога е намален ризикот за граѓаните. Доколку временските услови не дозволат реализација, акцијата ќе биде одложена и ќе се спроведе првиот следен ден со поволни услови.

Од надлежните апелираат до пчеларите навремено да преземат мерки за заштита на пчелите, бидејќи средствата што се користат можат да бидат штетни за пчелните заедници.

Авионската дезинсекција е дел од пошироки активности за заштита на јавното здравје, особено во периоди кога високите температури и влажноста создаваат услови за брзо размножување на комарците.

Пронајдете не на следниве мрежи: