Потребни состојки:
за бисквит
300гр. бисквити
200гр. путер
50гр. потпечени лешници
3лаж. кондензирано млеко
за фил
500мл. слатка павлака
250гр. маскарпоне
220гр. шеќер во прав
1 ванила
1 желатин
2лаж. џем од шумско
2лаж. џем од јагоди
2лаж. џем од боровница
завршен фил
450гр. замрзнато или свежо шумско овошје
5 лаж. шеќер
100мл. вода
1 желатин
Подготовка:
Во сад разматете 500 мл слатка павлака, а во друг посебно разматете маскарпоне, 220 гр шеќер во прав и 1 ванилин шеќер. Потоа соединете ги двете смеси, матете со миксер, па додајте 1 желатин. Целата смеса поделете ја на три дела, во едниот дел додадете две лажици џем од шумско овошје, во вториот џем од боровница и во третиот дел џем од јагоди.
Трите фила ги ставаме еден врз друг врз тестото со бисквити.
Мелените бисквити, лешници и кондензираното млеко соединете го со растопениот путер.
Смесата нанесете ја во калап за торта и убаво измазнете. Врз овој бисквит нанесете ги филовите.
Згответе 450 гр шумско овошје со 4 лажици шеќер и 100 мл вода. Во тоа додајте 1 желатин и гответе уште неколку минути. Кога малку ќе се излади и згусне прелијте преку белиот слој.
Готовиот колач оставете го во фрижидер да се излади, најдобро преку ноќ.