Викенд рецепт: Неодоливи сицилијански каноли со портокал

Внесете медитерански вкус во вашата кујна
Потребни состојки:
250 грама бело пченично брашно
1 мала лажичка смелен цимет
2 супени лажици кокосово масло
1 супена лажица шеќер
1/2 кафена лажичка сол
120 милилитри суво вино
1 белка од јајце
Маслиново масло
450 грама сирење рикото
225 грама маскарпоне
130 грама шеќер во прав
1 кафена лажичка екстракт од ванила
Кандиран портокал


Начин на подготовка:
Ставете ги брашното, циметот, кокосовото масло, шеќерот и солта во блендер, па добро изматете. Додека работи блендерот, додајте го виното. Тестото е готово кога ќе се обликува во кугла. Извадете го, покријте го со пластична фолија и оставете го да отстои на собна температура саат-два.
Поделете го тестото на половина, па развлечете го на површина просеана со брашно. Со помош на чаша исечете што повеќе кругови, па замотајте ги околу метални калапи за каноли. Премачкајте со белките за да се зацврстат. Испржете ги канолите во маслиново масло, оставете ги да се оладат, па отстранете ги калапите.
За да го направите филот, измешајте ги сирењето, маскарпонето, шеќерот во прав и ванилата. Ставете го овој крем во кеса за полнење или декорации на торти и наполнете ги канолите. Декорирајте со кандираните портокали, а потоа посипете го шеќерот во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.