Викторија Бекам има гардероба цело богатство! – „Имам база на податоци во која можам да видам сè што поседувам“ (фото)

Викторија Бекам открила начин како нејзината гардероба да изгледа недопрена. Во својот гардеробер, како и повеќето познати дами, има многу дизајнерска облека, чанти од луксузни брендови и скапи модни додатоци. Посебно се грижи за нив, што може да се забележи секогаш кога ќе се појави во јавноста – облеката секојпат изгледа како нова.Во едно интервју таа призна дека својата огромна колекција облека ја чува во посебен сеф со контролирана температура и иновативен систем. Опремен со најсовремена технологија, плакарот на Викторија има прецизен систем за секое парче облека, чанта, чевли и моден додаток. Секоја ставка е снимена во онлајн систем, овозможувајќи и’ брзо и ефикасно да пристапи до која било облека.„Јас сум многу среќна што имам многу работи што ги чувам во сеф со контролирана температура. Имам база на податоци каде што можам да внесам, на пример, „црни чевли“ и да ги видам сите пара што ги поседувам“, изјави Викторија Бекам. Покрај внимателното управување со својата гардероба, Викторија исто така откри дека нејзината ќерка Харпер (12) е многу заинтересирана за нејзината колекција дизајнерски чанти и често ја проверува базата на податоци за да ги види сите работи што ги поседува нејзината мајка.Импресивна колекција на веренички прстениВикторија Бекам има импресивна колекција на веренички прстени. Прстените го добила од сопругот Дејвид Бекам . Поранешниот фудбалер во текот на 24 години брак на својата сопруга и’ подарил многу скапоцени прстени, секој со различен дизајн. Првиот веренички прстен на Викторија бил дијамант кој наводно чинел 85.000 долари во 1998 година. Според „Дејли мејл“, прстените вредат повеќе од 30 милиони фунти, со оглед на тоа што најевтиниот прстен чини 69.000 фунти, а најскапиот 4,4 милиони.

Пронајдете не на следниве мрежи: