Вилма Русковска: Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски, Никола Груевски изготвиле план за да не се примопредаде власта

Во почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање на влада, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски, Никола Груевски изготвиле план со намера да го загрозат уставниот поредок со акти на насилство за примопредавање на власта и организирале протести и постојано го намалувале бројот на полициски службеници.

Презеле мерки за да се изврши непречено влегување во Собранието, ангажирале лица за да извршат насилство. Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги повикал граѓаните на протести со зборовите „народот да не седи дома во папучи, да ја земе судбината во свои раце“.

Вељаноски требало да оневозможи избор на претседател на Собранието, Јанакиески и Ристовски непосредно и секојдневно ги организирање протестите, Владимир Атанасовски и Никола Бошкоски кој е недостапен, а тогаш бил вработен во УБК, ги мобилизирале и координирале членовите на групата предводени од Кољо и Нинџа.

Пронајдете не на следниве мрежи: