Вилма Русковска суспендирана! Иницирана постапка за дисциплинска одговорност на тројца јавни обвинители

Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство.

Работите добија нов тек:

Шефицата на обвинителстовото за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска е суспендирана од работа.
„Да времено сум отстранета од работно место“, потврди таа за мадиумите!
Вилма Русковска суспендирана! Иницирана постапка за дисциплинска одговорност на тројца јавни обвинители

Во исто време, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.