Им преседна натпреварот! Како во Македонија се прават работите, како се користат политички привилегии и слично, можете пластично да дознаете од случајот на Тупанчевски и Фетаи и уште некои поситни функционери. Иако се чини дека се прави „спасување на војникот Рајан“ во последен момент, сепак на виделина излегоа многу работи.
Тупанчевски пак бил „шокиран“ оти тој како „професор“ имал добри односи со многу луѓе…

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ги повика Владата, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да испитаат дали има прекршување на етичките кодекси откако некои медиуми објавија дека вишата обвинителка Фатиме Фетаи, министерот за правда Никола Тупанчевски и претседателот на Основниот суд во Кавадарци Лазар Нанев отпатувале во Палермо, на фудбалскиот натпревар меѓу Италија и Македонија на сметка на Фудбалската федерација на Македонија.
Од Владата пак велат дека го следат случајот со министерот за правда Тупанчевски и неговото присуство, а откако ќе ги разгледаат сите аргументи ќе постапат по кодексот за етичко однесување.
Обвинителката Фетаи откако вчера испрати уплатница за сместувањето дека е на нејзин трошок, но уплатата е со вчерашен датум, денеска за ТВ24 објаснува дека тоа е поради претходно издадени фактури кои имаат рок на плаќање.
Пронајдете не на следниве мрежи:


